Визија и компаниски вредности
НАШАТА ВИЗИЈА
«Да станеме водечка компанија за малтери,бои и хемиски супстанции во Грција и на Балканот»
НАШАТА МИСИЈА
«Да понудиме комплетни високо-квалитетни и ефективни решенија, поддржани со одлични услуги кон клиентите»
ДЕКЛАРАЦИЈА НА НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ
Квалитет
Ние нудиме производи, услуги и решенија со врвен квалитет кои им даваат додадена вредност за нашите клиенти.
Ние работиме чесно и со почит и нашите вработени ја препознаваат важноста на нивната лична и професионална посветеност при обезбедувањето на високо квалитетни производи и услуги на нашите клиенти.
Стручноста и континуираното истражување ни помага постојано да развиваме нови иновативни производи и да му обезбедиме на клиентот производи со високи стандарди и комплетни решенија.
Човечки ресурси
- Она што го работиме е со пасија и со ентузијазам.
- Ние се однесуваме едни кон други со почит а нашите односи се засноваат на искреност,одговорност и чесност.
- Ја поттикнуваме соработката во работната средина и сме горди на секој придонес што доаѓа од различноста на поединците и идеите.
- Преземаме лична одговорност, иницијативност и не се плашиме да донесуваме одлуки.
Совршеност
- Се разликуваме по успехот кога нашите идеи ќе станат реалност и со водечки и брзи акции.
- Не престануваме никогаш да учиме.Се стремиме да бидеме една организација на постојано образување,секогаш применувајќи ги знаењата и искуството со цел да им понудиме на нашите клиенти високо квалитетни производи и услуги.
- Се раководиме преку позитивен пристап кон секој предмет и преку способноста, креативноста и тимската работа.
