БРЕНДОВИ
THRAKON е динамички растечка компанија која се занимава со производство и продажба на градежни материјали,бои и лепила.
THRAKON се вбројува во редовите на најдоверливите производители на градежни материјали и бои во Грција , со силна извозна ориентација .
Со четири производствени капацитети во Неохори кај Орестиада, Халкидона близу Солун и Инофита кај Виотија,THRAKON нуди целосен асортиман на производи кој вклучува :
- Систем за надворешна термоизолација

- Лепила џа плочки
- Фуги
- Кровни
- Производи за поправка
- Адитиви
- Малтери
- Ѕидарски малтери
- Кошулици
- Комплетна серија на бои со систем за нијансирање
- Разредувачи
- Водни лепила
- Затворен аериран бетон(сипорекс)
Со користење на огромното искуство,стручноста на вработените и континуираното истражување,THRAKON е посветена на развојот на широк спектар на нови , иновативни и квалитетни производи и услуги со цел да им понуди како на професионалците така и на поединците, високо квалитетни интегрирани решенија.
THRAKON во рамките на своите извозни активности, се шири брзо во странство со силно присуство во повеќе од 20 земји (Кипар , Србија, Косово, Македонија, Етиопија, Еритреја , Обединетите Арапски Емирати , Камерун , Либан, Албанија, Грузија, итн), со филијали во Бугарија и Романија.
БРЕНДОВИ

Со силно присуство во секторот на градежни материјали, THRAKON нуди комплетна серија на производи како што се материјали за надворешна термоизолација, лепаци за плочки и фуги, материјали за кровови,подобрување и поправки, малтери, ѕидарски малтери и кошулици. Серијата постојано се збогатува со најнови иновативни производи кои наоѓаат примена во модерната изградба на објекти.
Бренд кој се однесува на системот за надворешна термоизолација (ETICS) на објекти со повеќеслојни апликации,кој може да се примени на нови или постоечки структури. Системот CLIMAPLUS ги исполнува европските стандарди ETAG 004.
Познат во целиот свет, YTONG е најголемиот бренд во светот во производство на затворен аериран бетон (сипорекс), погоден за било кој тип на употреба, станбена, комерцијална или индустриска. Блоковите YTONG се наоѓаат на грчкиот пазар од 1990 година.Иновативната фабрика е изградена во 1999 година во Неохори Орестиада и произведува затворен аериран бетон (сипорекс) во Грција. Групацијата произведува сипорекс во Грција под ексклузивното право на користење на YTONG брендот во Грција и Кипар. YTONG е регистриран заштитен знак на Xella Deutschalnd GmbH.
Бренд кој е утврден на меѓународниот пазар како најспецијализиран во производството на лепливи супстанци(растворливи лепила,водни,епоксидни,за специјални намени).Производите на CARMYCO се употребуваат во чевларската,кожарско-преработувачката,бродската и дрвната индустрија,за автомобилски тапацири,подови и во градежништвото.

Комплетна серија на високо квалитетни градежни бои,подлоги и лакови која постојано се збогатува со нови иновативни производи(термоизолациони,епоксидни,еколошки и др.) Одделот за истражување и развој дизајнира производи кои ги задоволуваат високите побарувања при заштита и декорација на сите видови површини.Брендот STATUS поддржува систем на нијансирање што го овозможува изборот на илјадници бои.


