СИЛОС THRAKON
Силосот од 6m3 на THRAKON е метален силос на расклопување со мали димензии и се употребува за дистрибуција на готови малтери во рефусна форма.Лесно се приспособува,се пренесува празен и се поставува на градилиштето со обичен камион со дигалка. Во истиот камион се транспортираат и малтерите спакувани во големи вреќи, кои го исполнуваат силосот.
ОБЛАСТИ НА ПРИМЕНА
Погоден е за транспорт на основен,завршен и машински малтер,за еднослојни малтери,за ѕидарски малтер,кошулици(самонивелирачки и не) и за турање на плочи.
Силосот е погоден за компресорски систем или може да се поврзе директно на машината за малтер.
ПРЕДНОСТИ
- Со употребата на силосот се одржува чиста работна средина на градилиштето.
- Не постои хаос создаден од страна на рефусните градежни материјали депонирани таму,исто така просторот е ослободен од загадување создадено од празни вреќи и палети.
- Употребата на силоси во градежништвото ја олеснува и забрзува работата во објектот, затоа што работниците со цел да ја наполнатмашината за малтер, нема потреба сега да ги подигаат и носат вреќите со раце.
- Работната рака е ограничена затоа што не се потребни повеќе работници за полнење на машината за малтер со вреќи.
- Работниците не креваат товар повеќе и на дишат прашина при ракувањето со пакувани или рефусни малтери.
- Продуктивноста и реализацијата на изведувачите многукратно е зголемена.
- Машината за малтер постојано се полни со материјал,без да остане празна и да создаде проблеми при малтарењето.

