БРЕНДОВИ

THRAKON е динамички растечка компанија која се занимава со производство и продажба на градежни материјали,бои и лепила.

THRAKON се вбројува во редовите на најдоверливите производители на градежни материјали и бои во Грција , со силна извозна ориентација .

Со четири производствени капацитети во Неохори кај Орестиада, Халкидона близу Солун и Инофита кај Виотија,THRAKON нуди целосен асортиман на производи кој вклучува :

  • Систем за надворешна термоизолација100_1364
  • Лепила џа плочки
  • Фуги
  • Кровни
  • Производи за поправка
  • Адитиви
  • Малтери
  • Ѕидарски малтери
  • Кошулици
  • Комплетна серија на бои со систем за нијансирање
  • Разредувачи
  • Водни лепила
  • Затворен аериран бетон(сипорекс)

Со користење на огромното искуство,стручноста на вработените и континуираното истражување,THRAKON е посветена на развојот на широк спектар на нови , иновативни и квалитетни производи и услуги со цел да им понуди како на професионалците така и на поединците, високо квалитетни интегрирани решенија.

THRAKON во рамките на своите извозни активности, се шири брзо во странство со силно присуство во повеќе од 20 земји (Кипар , Србија, Косово, Македонија, Етиопија, Еритреја , Обединетите Арапски Емирати , Камерун , Либан, Албанија, Грузија, итн), со филијали во Бугарија и Романија.

БРЕНДОВИ

newlogo_thrakon

Со силно присуство во секторот на градежни материјали, THRAKON нуди комплетна серија на производи како што се материјали за надворешна термоизолација, лепаци за плочки и фуги, материјали за кровови,подобрување и поправки, малтери, ѕидарски малтери и кошулици. Серијата постојано се збогатува со најнови иновативни производи кои наоѓаат примена во модерната изградба на објекти.

Climaplus Logo_2015Бренд кој се однесува на системот за надворешна термоизолација (ETICS) на објекти со повеќеслојни апликации,кој може да се примени на нови или постоечки структури. Системот CLIMAPLUS ги исполнува европските стандарди ETAG 004.

YTONG (Yelllow)R_2015

Познат во целиот свет, YTONG е најголемиот бренд во светот во производство на затворен аериран бетон (сипорекс), погоден за било кој тип на употреба, станбена, комерцијална или индустриска. Блоковите YTONG се наоѓаат на грчкиот пазар од 1990 година.Иновативната  фабрика е изградена во 1999 година во Неохори Орестиада и произведува затворен аериран бетон (сипорекс) во Грција. Групацијата произведува сипорекс во Грција под ексклузивното право на користење на YTONG брендот во Грција и Кипар. YTONG е регистриран заштитен знак на Xella Deutschalnd GmbH.

Carmyco Transparent_264_sqr

Бренд кој е утврден на меѓународниот пазар како најспецијализиран во производството  на лепливи супстанци(растворливи лепила,водни,епоксидни,за специјални намени).Производите на CARMYCO се употребуваат во чевларската,кожарско-преработувачката,бродската и дрвната индустрија,за автомобилски тапацири,подови и во градежништвото.

status_logo

Комплетна серија на високо квалитетни градежни бои,подлоги и лакови која постојано се збогатува со нови иновативни производи(термоизолациони,епоксидни,еколошки и др.) Одделот за истражување и развој дизајнира производи кои ги задоволуваат високите побарувања при заштита и декорација на сите видови површини.Брендот STATUS поддржува систем  на нијансирање што го овозможува изборот на илјадници бои.