Визија и компаниски вредности

НАШАТА ВИЗИЈА

«Да станеме водечка компанија за малтери,бои и хемиски супстанции во Грција и на Балканот»

НАШАТА МИСИЈА

«Да понудиме комплетни високо-квалитетни и ефективни решенија, поддржани со одлични услуги кон клиентите»

ДЕКЛАРАЦИЈА НА НАШИТЕ  ВРЕДНОСТИ

Квалитет

Ние нудиме производи, услуги и решенија со врвен квалитет кои им даваат додадена вредност за нашите клиенти.

Ние работиме чесно  и со почит и нашите вработени ја препознаваат  важноста на нивната  лична и професионална посветеност при обезбедувањето  на високо квалитетни производи и услуги на нашите клиенти.

Стручноста и континуираното  истражување ни помага постојано да развиваме нови иновативни производи и да му обезбедиме на клиентот производи со високи стандарди и комплетни решенија.

Човечки ресурси

  • Она што го работиме е со пасија и со ентузијазам.
  • Ние се однесуваме едни кон други со почит а нашите односи се засноваат на искреност,одговорност и чесност.
  • Ја поттикнуваме соработката во работната средина и сме горди на секој придонес што доаѓа од различноста на поединците и идеите.
  • Преземаме лична одговорност, иницијативност и не се плашиме  да донесуваме одлуки.

Совршеност

  • Се разликуваме по успехот кога нашите идеи ќе станат реалност и со водечки и брзи акции.
  • Не престануваме никогаш да учиме.Се стремиме да бидеме една организација на постојано образување,секогаш применувајќи ги знаењата и искуството со цел да им понудиме на нашите клиенти високо квалитетни производи и услуги.
  • Се раководиме преку позитивен пристап кон секој предмет и преку способноста, креативноста и тимската  работа.