Профил
THRAKON е динамички растечка компанија која се занимава со истражување, производство и продажба на готови градежни производи и малтери, покривајќи ги целосно сите градежни работи.
Користејќи го долгогодишното искуство и стручност во областа на градежните материјали и градежни изведби,THRAKON е посветена на развојот на широк спектар на нови, квалитетни и иновативни производи и услуги како би им помогнала на професионалците и клиентите во нивниот секојдневен живот, со обезбедување на целосни високо квалитетни решенија.
THRAKON има активно присуство во следниве водечки брендови кои имаат широк спектар на производи и услуги.
- STATUS Градежни бои и лакови
- CLIMAPLUS Систем за надворешна термоизолација со голема заштеда, до 60% на трошоците за ладење и греење
- CARMYCO супстанции за лепење
- Лепаци за плочки и фуги со кварцен песок за лесна работа и одлична издржливост
- Премази(единствената компанија со автоматски систем на полнење со мини силоси THRAKON низ Грција)
- Фасадни материјали
- Материјали за кров и поправки
- Подови
ДОВЕРЛИВОСТ
THRAKON спаѓа во редовите на најсигурни производители на градежни материјали во Грција, со гарантирано постојано снабдување со оглед на тоа што има четири производни единици. Две во Орестиада, една во Солун и една во Инофита со годишен производствен капацитет од 200.000 тони и објекти околу 110.000 квадратни метри.
ОДГОВОРНА И СОЦИЈАЛНО СЕНЗИБИЛНА КОМПАНИЈА
THRAKON барајќи да се окарактеризираат сите нејзини активности на деловната етика и чесност,ги поддржува најдобро што може сите напори од кои имаат корист нашите граѓани, како и одговорноста кон општеството е еден од нејзините темели. Дури и нејзиниот голем производствен капацитет со модерни и најнови машини и употребата на “зелени” извори на енергија, заедно со одличната поддршка пред, за време и по купувањето, создаваат една одлична комбинација на перформанси, ефикасност и почитување на животната средина.
ВИЗИЈА И РЕЦИПРОЧНОСТ
Со проширување на своите активности во Грција, THRAKON докажува дека е активна компанија со визија. Инвестирајќи во купување на CARMYCO (2012) и со развивање на нејзините материјали во бои, создаде нов продажен центар во јужниот дел на Грција,за подобар сервис на клиентите низ целата земја и за поддршка на грчката економија како реципрочност спрема грчката јавност што толку многу години ја поддржува компанијата со својот избор. Сегашната мрежа на продажба надминува 1.000 продавници низ целата земја.
МЕЃУНАРОДНО ПРИСУСТВО
Групацијата истовремено гради меѓународен идендитет со силни национални корени што брзо го промовира и во странство со значаен извоз во многу земји во светот од кои Кипар,Србија,Романија,Бугарија,Косово,Македонија,Етиопија,Еритреја,ОАЕ,Камерун,Либан,Албанија и Грузија. Нашата цел е да им се понуди стручност и да се обезбедат комплетни технички решенија на сите наши клиенти на меѓународниот пазар.
